Со почетокот на новата сезона фитнес студиото FITLIFE ве носи на едно поинакво пилатес искуство: пилатес во планина и планинарење по падините на Бистра.
Заедно со Тони Димитров – сертифициран планинарски водич и инструкторите од FITLIFE, каде покрај опуштањето со пилатес ќе ви понудиме и искачување по падините на Бистра и врвот Сандакташ.

Врвот Сандакташ е еден од повисоките врвови на планината Бистра во Националниот парк Маврово и е висок 1981 м.н.в.. Се работи за лесна тура, се искачуваат околу 600 метри висинска разлика, но сепак е потребно доволно подготвеност и кондиција, посебно во вториот дел од турата и искачувањето непосредно пред врвот. Искачувањето до врвот е 2 до 2,5 часа во зависност од подготвеноста на групата. Започнува од селото Никифорово и патеката се движи низ букова шума, потоа се излегува од шумата и движењето продолжува до бачилото од каде започнува финалното искачување кон Сандакташ. Погледот од врвот е спектакуларен од каде се гледаат Мавровското езеро, врвот Меденица, Корабскиот масив…Од опрема задолжително да се понесат планинарски обувки, јакна/кабаница поради можност за променливо време и ветар, капа и крем за заштита од сонце. По патот ќе се изведуваат кратки паузи во зависност од потребата. Вода за пиење има во селото и во текот на искачувањето.

Сместувањето е во планинарскиот дом Царевец кој располага со кујна, тоалет, топла вода и удобно сместување. Храна секој си носи сам, а во домот има услови за приготвување на истата.
Целосна програма:
• 8 ч. тргнување од Скопје со организиран превоз (од паркингот на Веро Тафталиџе)
• 10 ч. пристигнување во Никифорово и искачување кон врв Сандакташ
• 16 ч. симнување во Никифорово и поаѓање кон планинарскиот дом Царевец
• 19 ч. вечерно длабоко едночасовно пилатес истегнување кое целосно ќе ве опушти по искачувањето на врвот
• 8 ч. будење на телото со 1 час мат пилатес• 9 ч. доручек
• 10 ч. слободни активности/прошетка
• 18 ч. враќање кон СкопјеПоаѓањето е на 31 август во 8 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е на 1 септември во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до село Ниќифорово. Бројот на местата се ограничени.
Цена 1400 ден. Во цената е вклучен превоз – Скопје – Никифорово – Маврово – Скопје, сместување и ноќевање во Царевец, водење на турата од сертифициран водич, пилатес часови. Бројот за пријавување е ограничен на 15 места.Пријавувањето е задолжително на броевите 072 243939 и 076 438317 заклучно со петок 29 август или додека не се пополни предвидениот капацитет.
* * *
Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Турата е отворена и за членови на планинарски друштва, за ентузијасти, па и за оние кој нема да го искачуваат врвот, или сакаат само пилатес во природа. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.