Отворање на сезона за качување на вештачката карпа на кеј

Оваа сабота се отвори новата сезона за качување на вештачката карпа на Спортско Качувачкиот Стадион КАРПОШ на кеј, каде веќе поминавме едно убаво попладне во фино клупско качување и дружење. Се работи за вештачка карпа за спортско качување на отворено каде покрај реката Вардар можат да уживаат сите спортски качувачи, алпинисти, ентузијасти…

karpabolder
Sport Climbing Stadium KARPOS 22.03.2014

СКС КАРПОШ вештачката карпа за спортско качување е една од најголемите објекти од таков тип во Европа. Висока е 24 метри, има еден вертикален ѕид, два превисни од страните кои продолжуваат преку плафон и завршува со излез на најзината круна. Во моментов има 20тина насоки со тежини од 5а до 8c/+. Во склоп на објектот има и болдеринг ѕид. За сите заинтересирани качувачи работното време е од 17 до 20.30 и работи од понеделник до петок, а сабота по договор.

Карпата е изградена во 2011 година од страна на Владата на република Македонија, а со неа стопанисува МСКФ (Македонската спортско качувачка федерација).

За подетално инфо и комуникација може да се консултирате со официјалната фејсбук страница

За skimacedonia

2 коментари

  1. kade se naoga tocno karpata vo karpos i dali e prisposobena ,dali moze deca da se iskacuvaat na nea
    tel mi e070-256-436

    • Здраво, карпата се наоѓа на кејот на Вардар, во делот на Карпош, после хотел Александар Палас. А на неа може да се искачуваат сите со соодветна безбедносна опрема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки