Од денес, 3 јануари официјално ќе биде активна Корија (Едносед ) патеката во Маврово. Цената на ски картата е по редовен ценовник. Штом се создадат услови постепено ќе бидат активирани и ставени во функција и другите патеки и лифтови. Ноќното скијање е од 19-22 часот но за тоа ќе има дополнителна најава. Картата за ноќно скијање за возрасни изнесува 650 денари, а за млади од 14-23 години 550 денари.
Низ другите ски центри иако геренално се оперативни се уште немаат активни лифтови и ски патеки за скијање. Свежиот кислород, планинарење и забава на сонце нема да изостанат низ Попова Шапка, Пелистер, Крушево и Пониква.
Пред нас сончеви и студени денови и малку снег низ ски регионите во недела.
Панорамска камера 360 во живо Маврово
https://www.skaping.com/ski-macedonia/bistra-mavrovo