Играјќи наоколу со Кораб за последниот ден од годината, некако ни беше најдобар начин да се збогуваме со 2017та, уживајќи во падините на нашата ветена планина, семоќниот Кораб. Навлеговме во територијата на Кораб рано наутро, следејќи го патот пред нас покриен со снег тотално и се препуштивме на оваа снежна чудесна територија. Температурата во пониските зони беше -4°C, додека искачувавме во горните зони почна да не притиска силен ветар (40-45 km/h) север-североисток со windchill од -18°C со постојана виулица, иако тоа го немаше низ официјалните метео станици на интернет. Интересна ски патрола која сакавме да ја “спукаме” за крај на сезоната. И секако , типично за 2017-та на повлекување се соочивме со предизвикот да менуваме дупната гума на нашиот офроудер во длабок снег и целиот багаж што го имавме во него!
Поздрав од планината и Среќна Нова 2018!!
Останете на безбедно!