Ниту Монт Еверест не е тоа што беше некогаш

Премногу бесмисленост содржи искачувањето на Монт Еверест во поново време. Смртоносната планина повеќе не е подвиг кој восхитува.

Заради добрите временски услови голем број алпинисти оваа сезона се искачуваат на Монт Еверест, каде што постои вистински метеж и хаос, поради што само оваа недела загинале вкупно единаесет алпинисти. Луѓе качуваат или спуштаат и газат преку мртви тела заглавени по рутата кон врвот.

За споредба, цела 2018та загинаа вкупно пет аплинисти. Последните тројца аплинисти ги загубија животите чекајки во гужви и исцрпеност при спуштањето од планината.

Сезонава, Непал издал околу 400 дозвола за качување, а секоја чини по 11.000 долари. Локален организатор на тури до Монт Еверест, изјавил дека еден од починатите бил заглавен во гужвите повеќе од 12 часа. Се очекува оваа година да биде постигнат нов рекорд на луѓе кои го искачиле Монт Еверест, лани беа регистрирани 807 алпинисти.

6a491 Close the mountain Mt Everest has become the epitome of arrogance

Позната австралиска новинарка и водителка, Angela Mollard за целата ситуација искоментира “Искачувањето на Еверест, некогаш било голем подвиг, но сега станало “олицетворение на ароганцијата што се самоодржува” и треба да се затвори.”

 

интервју со алпинистичката легенда:

Реинхолд Меснер – Монт Еверест стана прилично баналнo брдо

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки