По успешните натпревари во Словенија, клубот АСК Скади од Скопје, продолжи напорна натпреварувачка агенда со учество на натпревари во Австрија, денес 15 јануари во Lienz повторно го освои подиумот во женска конкуренција каде младата Јана Атанасовска го освои првото место во велеслаломската трка.
Во машка конкуренција, Борјан Стрезоски заврши како 11ти, Јаков Добрески 12 , а Данило Илиев кој на преходната трка во Крвавец Словенија беше втор, овде беше дисквалификуван. Активните тренинзи на дечињата кои ги следиме преку целата година, носат резултати и квалитетно искуство кое сигурно ќе придонесе уште посамоуверено да ги нижат најбрзите секунди и стотинки во следните натпревари.