Најуспешните ски брендови за минатата сезона

Изминатата сезона во Светскиот куп во скијање ќе биде запаметена по извондредните натпревари, како и по ски индустријата и брендовите кои уште еднаш ја демонстрираа нивната беспрекорност, посветеност на резултати и поддршката која испорачуваат во ФИС дисциплините.

Како и секоја година и оваа сезона 2013/2014 ФИС ги рангираше најуспешните ски брендови, во дисциплините Алпско скијање и Крос Кантри.

Во ФИС дисциплината Алспко скијање, со четири последователно победи во севкупен пласман во машка и женска конкуренција доминира брендот Head. Овој бренд исто така е присутен и на врвот со својата опрема и облека во машка конкуренција во спуст, слалом и веле слалом.

head_shreds

На страната кај дамите, Rossignol е број еден бренд следен од Head и Atomic.
Меѓу најуспешните скијачи кој го користат брендот Head e и норвежанецот Аксел Лунд Свиндал (Aksel Lund Svindal )

Во ФИС дисциплината Крос-Кантри како најуспешен бренд е повторно австрискиот ски производител Fischer, поседувајќи го врвот во сите дисциплини и кај мажите и кај жените. Овој глобален пазарен лидер заработи и награда во Нордиско скијање за победи во седум последователни години.

fischer

Меѓу познатите атлети кој се натпреваруваат со Fischer се Марит Бјорген (Marit Bjoergen),  Тереса Јохг (Therese Johaug ) и Дарио Колоња (Dario Cologna) . Во севкупното рангирање овој супер бренд е следен од францускиот Rossignol и норвешкиот произведувач Madshus.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки