Попова Шапка полека ја привршува ски сезоната, користете ги последните сончеви денови за рекреација на снег. Низ центарот не така често има големи количини на снег од 30 до 70 см, во правец кон Церипашина и над 120 см, но заради топлото време и изразените пролетни услови на патеките, скијањето е отежнато и е најдобро рано наутро најдоцна до пладне. Празничниот викенд ќе биде претпоследен викенд на Шапка, а планот е центарот да работи до 15 април 2018 год. Овој период важат пролетни цени со попуст, 600 денари дневна, 200 денари едно возење на Церипашина. На последниот ден, 15 април, цените ќе бидат со 50% попуст, 300 денари дневна, 100 денари возење на двосед жичница.
За првите денови од викендот следи мал пад на температурите и снег во повисоките зони, втората половина од продолжениот викенд е резервиран за сонцето.
Напомена: Поради зголемена влажност на снегот зголемен е ризикот од пад, затоа добро намачкајте ги скиите или движете внимателно! Дополнително доколку во работните денови нема доволно скијачи лифтовите може да не бидат активни.
| Внимавајте да ја заштитите и сочувате околината, вашиот отпад доколку сте во можност понесете го со себе, или оставете го на места одредени за тоа. Ве молиме не го фрлајте било каде низ планината. |