Интензивнaтa работа и големиот број тренинг денови на снег носат резултати без сомнеж. Клубот кој практикува тренинзи и натпревари во алпско скијање, АСК Скади од Скопје, на вчерашните натпревари во Голте, Словенија донесе 3 први места во две трки.
На натпреварите за деца до 12 години, младата Јана Атанасовска и Данило Илиев ги освоија првите две места. Јана Атанасовска се искачи на подиум два пати по победата во две трки едно подруго.
Останатите млади натпреварувачи освоија позиции во горниот дел , Борјан Стезоски 8ма позиција, Јаков Добрески 9то место, слично и со втората трка.