Mеѓународeн Ролер ски натпревар во Крушево

Во организација на Скијачката федерација на Македонија, викендот на 27 и 28 август во Крушево, ќе се одржат меѓународни Ролер ски натпревари. Првиот натпревар ќе биде, трката на 10 км, искачување од центарот на Кривогаштани до аптеката во Крушево, групен старт во машка конкуренција и 5 км групен старт во женска конкуренција. Следниот ден, 28 август, натпревар во градот Крушево во должина од 3 км со индивидуален старт за мажи и за жени. Овој настан е со меѓународен карактер и покрај натпреварувачи од Македонија, учество ќе земат и натпреварувачи од Србија, Грција, а се чека потврда од БиХ и Црна Гора. Стартот на трките е во 10 часот.


14075037_ski klub ris roler ski 14087750_ski klub ris roler ski 14114011_ski klub ris roler ski

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки