Снегот и ниските температури во комбинација со ветарот вчера и рано утрово ги блокираше пристапите до ски центрите, но патиштата се проодни, се пристигнува отежнато со задолжителна зимска опрема, зимски гуми или теренско возилот.
Слаб снег во некои региони се уште паѓа, а според ухмцр најмногу наврна во мавровскиот регион 74см нов снег. На Попова Шапка падна над 50 см снег, но силниот ветар речиси не остави ништо на ски патеките, а го стопираше и скијањето. Низ Пелистер на Копанки и Нижополе има 35 см нов снег. На Пониква и Крушево има 25 см.
Дува северен умерен до засилен ветар кој постепено ќе се намалува, температурите викендов низ ски регионите дополнително ќе се спуштаат во негатива и до – 20°C






