Levi Black позитивно оценета и спремна за слалом

levi fis alpine skiing

По позитивната контрола на снегот, Меѓународната скијачка федерација и Леви им дадоа зелено светло на мажите и жените да ја скијаат својата прва слаломска сезона на популарната Леви Блек на 23 и 24 ноември.

Благодарение на студените температури и раните врнежи од снег, Леви Блек е во совршена форма, а директорот на Светскиот куп во Леви, Петри Туомикоски (овој може да е наш), е многу задоволен:

„Одличен почеток на зимата е со повеќе од половина метар природен снег во околината. Останаа околу девет дена до натпреварите, мило ми е што видов дека сè работи непречено и на вистинско ниво. Изгледа дека сме подготвени да се тркаме! “

„ФИС верува во она што го правиме и патеката е секогаш во добра форма. Изминативе години има голем развој овде во Леви. Ски-центарот има инвестирано во системи за снег и начини за зачувување на снегот. Клучните луѓе на натпреварот отсекогаш биле исти, така што сè работи одлично и менаџирањето на настанот е во безбедни раце “ изјави Туомикоски.

Основата на тркачката патека е направена од зачуван снег од минатата зима, а центарот успеа да произведе дополнителен снег за време на студениот период месецов, што овозможи да се модифицира профилот на патеката.

Првиот натпревар на женскиот слалом започнува во сабота на 23 ноември во 11.15 часот, а во недела мажите својата слаломска сезона во истата саатница.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки