Месецов на Копаоник во Србија, започнаа првите работи за изградбата на новата патека Крчмар. Во моментов се рамни теренот и се вршат грубите ископи. Крајниот рок за завршување на работите е август 2019 година. Интензивниот развој и инсталации на нови лифтови придонесе кон неусогласеност на капацитетот на ски патеките во однос на брзината на транспорт на ски лифтовите. Па токму затоа има потреба од нови патеки и прошиување на постоечките. Во план е овие патеки да задоволуваат ФИС стандарди во машки Super-G и женски спуст.