Период кога обично на глечерите низ алпите е шпицот на летниот амбиент од аспект на време и метеоролошки услови. Најчести посетители се ски клубовите и ски репрезентациите. Но скијањето во лето остава најмногу просторот за уживање низ овие зони затоа што прилично е шеренолика понудата, имајќи го во предвид фактот дека на располагање ви стојат сите временски амбиенти и пејсажи, па и микс на активности од скијање, планински даунхил велосипедизам и денот да за заврши со топли базени.
Ова се неколку ски центри и нивните глечерски зони кои функционираат од 2800 до 3500 метри.
Италија, Stelvio Pass работи во летна варијанта , цена на дневна ски карта 45 евра. Работат 4 лифтови и 2 гондоли.
Австрија, Hintertuxer Glacier работи 365 дена, цена на ски карта 45 евра. Во функција се лифтовите на глечерот и гондолите кои водат до таму, активни 12/20. Фан паркот ќе се отвори кон средината на октомври. Засега условите на глечерот се прилично незгодни и се скија речиси на самиот глечерски лед.
Во Швајцарските центри веќе се инсталирани дел од репрезентативците во алпско скијање каде темпираат форма за новата сезона. Снегот на глечерот во Zermatt според коментарите на некои репрезентативци засега има најдобри услови, но фан паркот не е баш во најдобра кондиција. Zermatt е исто така центар кој работи во текот на целата година. Цената на дневна ски карта е 79 швајцарски франци која важи за за соседната Cervinia во Италија. Во функција се глечерските лифтови и снежниот парк.
Saas-Fee е во функција цела година, ски картата во летна сезона е околу 75 швајцарски франци, а активен е и забавниот парк. Работат лифтови 11/22