Кобилица 2528 мнв и Црн Врв 2585 мнв, Шар Планина

Недела, 12.07.2015 год.  Врв Кобилица 2528 мнв и Црн Врв 2585 мнв, Шар Планина

Еднодневна планинарска акција
со организиран превоз, тргнување 05:30 часот пред Пошта 2 кај Железничка Станица.
Во 06:50 oчекуваме пристигнување во село Вејце на 1165 мнв. Се искачува Кобилица – 1363 мнв потоа до Црн Врв-се спушта 400 мнв па пак се качува 460 мнв. Вкупно искачување има 1823 мнв. Што значи одење од преку 7 саати. Патеката е од село Вејце до Кобилица потоа до Црн Врв и назад во село Вејце во должина од 17 км. Патеката е тешка и бара поголема доза на психофизичка подготвеност.

Потребна Опрема: Облека за заштита од сонце, наочари за сонце со УВ заштита, капа, марама, креми за сонце, препорачливо и планинарски стапчиња.

Исхрана: Секој си носи храна од ранец, вода 2 литри, суво овошје, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум. Која храна е најдобро да ја носиш, кликни овде.

kobilica 100

Пс. Одиме со организиран превоз бидејќи селото го бие глас дека можно е ако идеме со коли истите да бидат оштетени итн. Така да ако некој оди со кола тоа е на негова одговорност. Организаторот се оградува од било каква штета нанесена на некое од возилата на учесниците во акцијата. Цената за превоз со шофер е 400 ден по лице. Местата се ограничени на едно комбе од 17 луѓе. Пријавување и плаќање кај Алехандар Богдановски 070 382 751 и кај Дејан Доневски 071 212 808 . Плаќањето е до Петок !!!

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Организација :
I Love Hikign – Group Macedonia
Водич:
Дејан Доневски
Помошник Водич Алех.

Kobilica GPS Shar planina

kobilica

 

Shar planina Kobilica

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки