Најмногу снег изминатите 24 часа падна во Битола, Пелистер 55 см, 47 сантиметри измерени во Крушево, 45 во Тополчани, 40 во Маврови Анови, 39 во Ѓуриште, 37 во Лазарополе, 32 во Попова Шапка, 31 во Пожаране, 30 во Прилеп и Дебар, 23 во Скопје Петровец, 19 во Скопје Зајчев Рид, 18 во Тетово и Берово, 14 во Претор, 11 во Охрид и Куманово, 10 во Виница, 9 во Штип, 6 во Демир Капија, 4 во Крива Паланка и 1 сантиметар во Струмица.
Според УХМР, минималната температура ноќеска се движеше од -7 во Маврово, Лазарополе, -5 во Крушево, -4 во Охрид, Куманово и Дебар, -3 во Претор, -2 во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Берово, -1 во Скопје-Петровец, Битола и Штип, 0 во Скопје-З.Рид, Демир Капија, Струмица и Виница и 1 степен во Дојран.
Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
skimacedonia


