Во прилог ептен флеш интервју со претседателот на Преспа Бајк – Ресен, Кристијан Ќулумовски, главен иницијатор и организатор на настанот Tour De Galicica. Настан кој е важен дел за промоција на туристички ригиони како што е преспанскиот, и дел од сличните оutdoor настани кои секој поединечно во својот регион, придонесуваат за промоција на спортот и анимирање на туризмот низ цела Македонија.
Атрактивна и живописна 70км долга велосипедска тура низ националниот парк Галичица и брегот на Преспанско езеро, која е закажана за викендот, 15ти до 17ти јуни 2018 година.
Кристијан, 5та година по ред се одржува овој интересен спортски настан во регионот на Преспа, накратко кои се новините, покрај главната вело тура и релаксираните забави за време на викендот?
За прв пат лани воведовме планинарска тура на врвот Магаро 2255 м.н.в на која имаше доста заинтересираност посебно од локалните љубители на природа и така оваа година имаме повторно планинарска тура, но на другата страна на Галичица т.е одма до Лако Сигној каде го има најубавиот поглед на двете езера со должина од 7 км во двата правци. Oваа година се надеваме дека ќе има многу повеќе планинари од претходната година. Велосипедската тура останува иста и изнесува 70 км.
Како еден од ретките настани од ваков тип во тој регион, Tour De Galicica е сериозен аниматор на туристичката сцена и промотор на преспанскиот регион. Колкав е досега интересот од страна на странските туристи да бидат дел од овие интересни авантуристички собири во планински велосипедизам?
Со точак 18 градови 730 км 7 дена Кристијан Ќулумовски низ Македонија