VACUUM FIT е патентирана технологија, која е презентирана 2011 година и притоа е освоена ISPO European Ski Award. VACUUM FIT технологијата ја користат најдобрите скијачи од Светскиот куп на највисоко ниво. Технологија патентирана од страна на Fischer со 15% полесен материјал од постоечкиот.
Процесот на прилагодување се одвива низ посебна процедура со машина VACUUM FIT station. VACU-PLAST материјалот е исто така посебен заради температурната стабилност, а школката ја задржува својата стабилност и својства при широк дијапазон на топлина. Се прилагодува за сите оние скијачи кои имаат проблем при изборот на удобни ски-кондури, притоа елиминирајќи ги болките во стапалата.
Има две серии VACUUM FIT и VACUUM Comfort FIT. VACUUM FIT се ски-кондури кои во целост се прилагодуваат на формата на ногата, а додека VACUUM Comfort FIT се прилагодуваат делумно само на долниот дел т.е на делови од стапалото. На тој дел и доминираат болките па како поефтина варијанта може да се постигне добар резултат во однос на цена перформанси.
VACUUM FIT ја задржаа предноста кај Fischer преку somatic технологијата кој се темели на природното држење на нозете во V позиција под агол од 9-10 степени. За новата сезона 2015/2016 асортиманот на Vacuum е проширен на повеќе модели ски-кондури од рекреативни па до натпреварувачките.
Повеќе детали и информации во Sportbike продавниците во Скопје (ТЦ Беверли Хилс, ниско приземје) и Битола.
Контакт: 02 60 91 545 / 076 299 888 / sportbike.mk@gmail.com