И оваа година, клубот за планинско трчање TREX и пријателите Ве покануваат на четвртото издание на фестивалот на кратки филмчиња за планинско и ултрамаратонско трчање „Луѓе како нас” кое ќе се одржи на 29.03.2017
Овојпат дружбата ќе се одвива во Кинотека на Македонија (Cinematheque of Macedonia), а покрај неколкучасовниот филмски репертоар на супер интересни и инспиративни дела ќе имате можност и да се дружите со нашите специјални гости од Бугарија.
Останете во тек со официјалната програма на настанот која ќе искочи во текот на наредните недели..
Влез – бесплатен