Добредојдовте на носот на El Capitan во Јосемити националниот парк – најлегендарниот локалитет за качување на земјата. Затегнете го вашиот појас и двојно проверете го јазолот, за да се приклучите наЛин Хил, Алекс Хонолд и Томи Колдвел на 1000 метарското интерактивно патување до El Capitan.
Креативните агенции и продукциите Sender и Big Up, кои стојат позади REEL ROCK филмската турнеја и веќе легендарниот документарен филм Valley Uprising, се спојуваат со Google Maps на храбар проект кој на секого му овозможува да го доживее едно од најдивите места на земјата, вертикалните ѕидови на Јосемити. Преку најнови техники на мапирање и во соработка со инженерите на Google, Big Up и Sender прават колекција на снимки за својата нова кампања за да ја прослават 1000 метарската карпа на El Capitan.
Во партнерство со Google Maps, создаваат пионерски техники за фотографирање панорамски слики со висока резолуција од 360 степени во вертикална средина. Преку интеракција со овие слики, корисниците можат да го видат и почувствуваат она што можат да го доживеат само елитните алпинисти. Исто така, за прв пат, Street View станува вертикален, овозможувајќи им на гледачите да го поминат целиот ѕид. Создавањето на рутата на Носот на El Capitan не било лесна задача, што подразбира комбинација на нови начини на монтажа, креативното размислување и комуникација со големиот Алекс Хонолд за се ова да се случи, но резултатот е извонреден. Додека интерактивниот веб-сајт е извонредно патување до најголемиот ѕид во Америка. Скролајте нагоре по ѕидот, истражете ги панорамските слики фатени во невидени позиции и слушнете ги искуствата на Лин Хил, Алекс Хонолд, Томи Колдвел и експертите на паркот.