Викендот иницијаторите на Ice climbing & dry tooling успешно ги реализираа сите предвидени активности од – Ice climbing & dry tooling – качувачкиот собир, кој прв пат се организира на териоторијата на Националниот парк Маврово. Настанот беше реализиран во близина на месноста Састав Река на патот кон с.Стрезимир и врвот Голем Кораб. Ова е втора локација која што во период од неколку месеци се обележува и промовира во меѓусебна соработка на СКК Вардар и ЈУНП “Маврово”.
извор: НП Маврово