Дејан Тодевски реализираше подвиг за балканска почит

20245478_dejan todevski pk makedon
Олимп, Митикас

Планот на Дејан Тодевски (член на планинарското друштво Македон од Скопје) да искачи три балкански највисоки врвови повисоки од 2800 метри во еден ден, беше реализирана денеска на 2 август и тоа со време 19 часа и 23 минути. Искачени беа трите највисоки врвови на балканот, Вихрен 2914м на Пирин, Мусала 2925м – Рила, Бугарија и Митикас 2918м на планината Олимп во Грција. Реализиран е голем потфат имајќи ги во предвид околностите и меѓусебната раздалеченост на овие врвови.

На социјалните мрежи накратко Дејан објави дека после 19 часа ја комплетирал успешно мисијата. Останува да почекаме на детали околу реализацијата на овој интересен регионален предизвик, кој сигурно ќе повлече интерес и кај други спортисти кои се занимаваат со планинско трчање.

Претходно на крајот на минатата година Александар Кирковски и Игор Јовановски први влегоа во предизвикот да ги искачат овие три врвови, но заради логистички пречки не успеаа да ги реализираат овие искачувања за помалку од 24 часа (линк од нивното искачување).

Честитки за успехот, овие дечки погоре се вистински машини!

20526327_dejan todevski pk makedon
Рила, Боровец, 2 август, после комплетирање на целата операција

=========

Дополнителни информации:

Овој подвиг започна да се планира уште пред скоро 1 годин со
Александар Кирковски, имавме план да ги искачиме во 24часа трите највисоки врва на Балканот во зимски услови, Митикас, Вихрен, Мусала, и во тие 24часа е вклучен и патот од 600км кој треба да се извози, појдовна точка е Приони – домот Вихрен – Боровец.
Овој подвиг пробаа да го направат Алек.К и Игор.Д.Ј во зимски услови и успаа да искачат само два врва Митикас, Вихрен, и тоа е за голема почит сепак треба да се погодат добри временски услови, да нема гужвата на границите, треба доста внимателеност по патишта дека сепак обидот беше направен без никаква логистика!!!

План беше и летово да се обидеме да го направиме зацртаниот подвиг, и тоа успеа
придружуван од Димитар Тодоровски, кој и на договарањето ми кажа дека има план да оди само на два врва Митикас и Мусала.

Тргнавме во 16ч од Скопје и се упативме кон планината Олимп пристигнавме 21 часот по Грчко локално време.
Се паркиравме на паркингот Приони кој се наоѓа на 1100м.н.в, немавме многу време за одмор зашто решивме да стартуваме по локално Грчко време во 00:00 часот.

Првиот Врв Митикас 2918м.н.в

Искачена висинска разлика 1901м д+
со поминати 18.48км
време за нагоре 2ч : 36м : 22с на Мики му беше првпат, на ваков технички терен, но за нагоре одлично се покажа!!!
Време за надоле 2ч : 34м : 57с, времето за надоле можеше подобро но Мики имаше мала криза и моравме да успориме малку, сепак и не беше опоравен од трката 35км, кој ја имаше 4 дена пред овој подвиг,
но морам да се заблагодарам без неговата дружба немаше ова да се оствари!!!
Вкупно време 5ч : 11м : 21с.
Гпс запис!!!
http://www.movescount.com/moves/move169502359

Вториот врв Вихрен 2914м.н.в

Пота ме чекаше добра вожња до домот Вихрен на Пирин планина од 360км.
Пристигнавме негде окулу 9ч : 45м.
Каде што јас стартував во 10ч, на Мики не му беше план да го искачи врвот реши да одмори во домот и да земе за јадење, и за освежување и откако се симнам на брзина да каснам и освежам и да го продолжиме патот кон Боровец.

Старт домот Вихрен 1950.

Искачена висинска разлика 925м д+ со поминати 6.60км
Време за нагоре 51м : 36с.
Време за надоле 37м : 22с
Вкупно време 1ч : 29м : 02с
Гпс запис!!!
http://www.movescount.com/moves/move169502335

Трет врв Мусала 2925м.н.в

Потоа се упативме накај Боровец и не чекаше една добра вожња од 160км.
Каде што ја почнав да возам, негде на 30км веќе почна да ми се спие, тука се сменивме со Мики и продолжи со возење се до Боровец.
Во Боровец пристигнавме во 14ч : 30м

Стартувавме во 14ч : 48м

Искачена висинска разлика 1464м д+
со поминати 22.54км

Време за нагоре 2ч : 39м :57с
Време за надоле 1ч : 54м : 05с
Вкупно време 4ч : 34м : 04с
Гпс запис!!!
http://www.movescount.com/moves/move169502326#!

Вкупно искачена висинска
разлика 4287м д+
Истрчани километри 47.62
За време 11ч : 14м
Вкипно време со возење 19ч : 23м
И искачување на сите три највисоки врва на Балканот Митикас, Вихрен, Мусала.

https://www.facebook.com/dejan.todevski.7/videos/pcb.10214678253854207/10214678225653502/?type=3&theater

https://www.facebook.com/dejan.todevski.7/videos/pcb.10214678253854207/10214678216493273/?type=3&theater

https://www.facebook.com/dejan.todevski.7/videos/pcb.10214678253854207/10214678210253117/?type=3&theater

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки