Францускиот скијач и освојувач на бронзен медал на светско првенство, David Poisson, почина по падот на тренингот во канадскиот центар, Накиска. Poisson ја претставуваше Франција на две зимски олимпијади, а беше седми во спуст во Ванкувер во 2010 година. Најголемиот успех го оствари на Светското првенство во Шладминг во 2013 година, кога го освои третото место. Во рамките на Светскиот куп имаше извозени 11 сезони.