Дали дружењето со природата треба да биде дел од образовните програми?

1599604_ruen-osogovo
врв Руен, Осоговски планини

Постарите генерации или барем оние кои не се растени во дигиталниот свет добро знаат каков бил детскиот живот порано, малските дружби исполнети со бројни креативни игри и социјализација. Тоа не е случај со дигиталните технологии кои се повеќе не опкружуваат и се помалку оставаат простор за дружење и развој во реалниот свет. Денес, покрај бројни пријатели низ социјалните мрежи, децата сѐ се поосамени.

Зошто децата и младите треба низ образовниот процес да се поттикнат на планинарење или слични активности во природа? Наместо 5-7 часа заглавени на столче, потребно е повеќе време да минуваат на отворено во природа, каде ќе го запознаваат реалниот свет и природата која ги опкружува.

На планина сите се еднакви – во природата нема место за статусни симболи. Во дивината пријателствата не се мерат според скапи таблети и телефони, туку преку тоа кој кому помогнал при надминување на препреките во планината.

14324575_planinarenje-zdravi-naviki-deca
Другарските врски стануваат по цврсти – Чувство на задоволство е уште посилно кај децата среде планина кога се дели храната и водата и се поминува низ истите предизвици и авантури за да се стигне до целта.

Децата ќе научат да се соочуваат со пречките во животот  – Кога со ранци на грбовите ги надминуваат своите физички граници за успешни да стигна до целта, истиот „надминат напор“ ќе знаат да го применат и во животот. Како што планинарските предизвици стануваат потешки, така и тие ќе успеваат во надминувањето на животните предизвици.

Ќе станат поодговорни – Движењето во природа бара дисциплина, на телото и умот. Наместо за викенди да бидат поврзани со дигиталнито свет, тие во реалноста ќе научат да стануваат рано и да го искористат целиот ден продуктивно.

Ќе бидат физички и психички поздрави  – Планинарењето е една од најздравите физички активности, а згора на тоа се одвива во природа. Со планинарењето се трошат и многу калории, од 400 до 800 калории на час и се зголемува физичката кондиција.

Ќе стане снаодливо и со зголемена самодоверба – Со многубројните предизвици, детето ќе научи да се снаоѓа во неочекувани ситуации и ќе научи полесно да се ориентира во природа. Освен тоа, со ова ќе се подигне и свеста за зачувување и почит кон природата.

planinar

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки