СО БЕСПЛАТЕН ДЕН ДЕНЕС НА 06.01.2017 ПОЧНУВА СКИЈАЊЕТО НА КОПАНКИ И ПОПОВА ШАПКА
На Попова Шапка за утрешното скијање во функција ќе биде ставена жичарницата „Св. Илија“ и ски–лифтовите „Поток 1“, „Поток 2“, „Аеродром“ и „Ге“.
Од 07 јануари ќе важат вообичаените цени за ски – билетите. Сезонскиот билет е 10.000, дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 16 часот, е 600 денари, тридневниот билет е 1.800, седумдневениот 5.000 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. Седумдневен пакет аранжман од седум полу- пансиони во хотел „Славија“ и хотел „Попова Шапка“ и седумдневен ски – билет е по цена од 12.450 денари.
На Пелистер – Копанки ќе функционираат двоседот и ски лифтот.
И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари, а тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика“и тридневен ски – билет е по цена од 5.500 денари.