Balkan Rivers Tour – Ski Hut Gorica Маврово

40116301_Balkan Rivers Tour

Следи го линкот

„Balkan Rivers Tour“, односно „Кајакарeње по балканските реки“ е кампања за подигање на свеста за недопрената природа и прекрасни речни долини и кањони на Балканот. Со турнејата, тимот на Balkan Rivers Tour дава поддршка на локални иницијативи што имаат заедничка цел – да ги заштитат последните слободни реки во Европа.
„Balkan Rivers Tour 3“ вклучува кајакарење по 23 реки низ 6 држави во 39 денови, почнувајќи од Тепелене, Албанија па се до Љубљана, Словенија, вклучувајќи и Радика во Националниот парк Маврово. Во рамки на овогодинешната турнеа тимот премиерно ќе го прикажува и својот документарен филм ‘’The Undamaged” (‘’Неоштетените’’) снимен за време на турнеите во 2016 и 2017 година.
Проекцијата и учеството на настаните е бесплатна.
Ве очекуваме на добар филм и добра забава!
Да ги заштитиме последните слободни реки во Европа!

• Вторник 12ти септември
Локација: Ski Hut Gorica –Маврови Анови
10:00 Кајакарење по Радика
20:00 Проекција на документарниот филм ‘’The Undamaged” (‘’Неоштетените’’)
21:00 Кратка дискусија со Рок Розман, организатор на турата, и националниот тим на Синото срце на Европа

• Четврток 13ти септември
Локација: Кафе ‘’Че’’ ,Скопје
20:00 Проекција на документарниот филм ‘’The Undamaged” (‘’Неоштетените’’)
21:00 Кратка дискусија со Рок Розман, организатор на турата, и националниот тим на Синото срце на Европа
21:30 After party со Бојан Чакра

• Петок 14ти септември
Локација: Влада на РМ
10:00 Креативна активност „Кајакарење на бетонската река“

#ЗелениЗониЗаСиниРеки

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки