Австриската скијачка легенда Марио Мaт ќе ја отвори ски сезоната во бугарскиот најпопуларен ски центар Банско на 14 декември . Тој е специјален гостин на церемонијата на отворање на 14 декември 2019 година. Олимпискиот и трикратен светски шампион 2011 година триумфираше во слалом трката на патеката Алберто Томба во Банско, а за овој успех тој доби подарок апартман во 5* ѕвезди хотелот Пирин Голф и Кантрил Клуб.
Период кога се нудат промотиви, редуцирани цени за сезонски ски карти. Сезонската карта до 30 ноември за возрасни во Банско чини 1300 лева (660 евра), за деца до 12 години 1100 лева, а сопствениците на сезонска карта имаат разни бенефити, како и новитет можноста да скијате слободно во ексклузивниот Вербиер, Швајцарија. Соработката меѓу овие два ски центри започна од годинава. Новиот ценовник (освен промоции на сезонските ) на ски картите се уште не е објавен, се очекува тоа да биде околу 1 декември, а досега дневна карта чинеше 65 лева (33 евра).
Банско има лидерска позиција и годинава на календарот на Бугарската ски федерација каде 9 од 21 трки во текот на претстојната натпреварувачка сезона од алпското скијање и сноуборд натпревари ќе се одржат токму тука.
За англичаните останува една од најпрофитабилните ски дестинации во Европа според онлајн платформата „Post Office“ подготвена во партнерство со еден од водечките британски тур-оператори, Crystal Ski Holiday, каде за своите потрошени фунти добиваат најмногу комфор, храна, пијалоци и квалитетно сместување.