Во Маврово неодамна пристигнати и инсталирани се два нови топови за снег од брендот Techno Alpin кои ќе ја надополнуваат потребата за снег. Позиционирани се на стазите под едноседот и двоседот.
Тие се веќе успешно тестирани и се чека поволни услови и минус температура под -4°C со цел да можат да создаваат снег. Деновиве на Маврово дневната температура се движеше и над 10°C.
Важно за снежните топови е да се наведе дека снегот кој го создаваат е во форма на ситни топчиња кои полесно се фузираат и се подобра подлога од обичната снегулка.
Дополнително и условите при кои се создава вештачкиот снег зависат од повеќе фактори, така покрај ниската температура, важна улога има и влажноста на воздухот. Колку е по сув воздухот толку е поголем придонесот за подобар вештачки снег, што во некои случаи дава можност и на по топло да создава снег, што не е случај во услови кога влажноста на воздухот е на високо ниво.
Идеална температура за производство се движи околу -6 степени.

skimacedonia