Направивме кратко интервју со популарното лице од малите екрани, специјалистот за метеорологија, Глигор Митковски, со кој поразговаравме на тема поврзана со снегот и го прашавме накратко што не чека сезонава, па и понатаму…

Во нетрпеливо исчекување на сериозниот снег за старт на ски центрите, која е вашата прогноза, кога би можеле да се радуваме најрано со оглед на тоа што веќе има каква таква подлога?
До крајот на оваа прва половина на декември шансата за снег е речиси нула. Повеќе надеж има за втората половина од месецот. Околу 19ти декември очекуваме на прилично краткотраен продор кој има потенцијал да донесе нова количина на снег на планините. Сепак оваа прогностичка ситуација нема голема веројатност на остварување, барем не од оваа временска дистанца од 10 дена. Засега, прогностички, за врнежи поповолен е периодот во последната недела од декември, иако станува збор за релативно чувствителна прогноза, бидејќи во исто време дискутабилно е дали нашиот крај ќе биде под влијание на топла адвекција, која би ги уништила надежите за снег и би била поповолна за дожд, дури и на надморска висина на која се наоѓаат нашите ски центри.
Реално земено, на стаклени нозе е почетокот на оваа ски сезона во оваа календарска година.
Според сезонската прогноза на ECMWF, која дава нешто потопла зима , но со врнежи над просекот, реално е да се надеваме на релативно добра ски сезона, но со подоцен старт, слично како и минатата година.
Кога станува збор за сезонски прогнози, истите по мое лично мислење, а по фактичката ситуација во годините наназад, тие сеуште не се доволно прецизни за да можеме да се ослониме на истите за подолги планирања.
Читаме наоколу дека медитеранот има надпросечна температура на водата, ќе има ли оваа година повеќе влага во комбинација со ладно за многу снег сезонава?
Натпросечна температура на водата во медитеранот значи и поголемо испарување, но во антициклонални услови какви што имаме изминативе денови целата „матеметика“ на крај завршува со магла над морињата. Потребен е „добар“ продор на студен воздух од север, како би се создале поволни услови за циклогенеза, која потоа би резултирала со врнежи.
Коментар околи прогнозите за снег во годините што надоаѓаат и влијанието на глобалното затопување, го има или го нема, се суши ли постепено планетата или тоа е климатски циклус околу кругот на многу и малку?
Глобалното затоплување стана некако повеќе политика на големите играчи на светската сцена, отколку научно издржана теза. Проекциите на затоплувањњето не се исполнети во целост. Факт е дека постоат големи отстапувања од просекот оваа година, ама една ластовица не ја чини пролетта. Од друга страна пак, премногу е дрско да компарираме во однос на просеци кои „во врв глава“ се однесуваат на период не подолг од 300 години. Тоа на нас луѓето ни се чини долг период, но гледано од Земјина песпектива, тоа е сосема мал период.
Да бидам сосема искрен, јас повеќе би се насочил во барање на одговорите во земјините цилкуси. Науката сеуште не го има разјаснето ниту периодот на малото „ледено“ доба кое траело околу 3 века, 16 -19 век, кое пак следело по топол период, во кои според реконструкциите и пишаните показатели, било потопло од сегашниов период. Овие прогнози, врзани со т.н. глобално затоплување сеуште се „далеку од памет“. Неможе секој поекстремен настан, било да е врзан со натпросечно топло или натпросечно студено да биде последица на ова т.н. глобално затоплување.
skimacedonia
