Што содржи еден зимски пакет за помош на пат

ski sneg patistaСигурно се сеќавате на моментите од сезоните наназад кога бројни возила од различни причини заглавија низ превоите во Западна Македонија.
Кој по своја вина, некои заради туѓа неодговорност, испомрзнаа и поминаа во снег и студ повеќе од 24 саати. Ваквите ситуации во кои многу луѓе се најдоа неспремни, се доволен пример дека не треба да се потценуваат релативно кратките релации низ градовите и локалните населени места.

Работи кои е пожелно да се носат со себе во кола, секогаш кога патувате во зимски услови, посебно во денови кога се најавени врнежи од снег, а со цел секоја инцидентната ситуација полесно да ја поминете.

Покрај основните законски обврски да носиме зимска опрема, ланци и зимски гуми, корисно е да располагаме и со:

  • Kратка лопата за снег. Понекогаш врши работа и најобична мала евтина пластична лопатка, која ќе помогне побрзо да го расчистите снегот околу вашето возило.
  • Четка за расчистување на стаклата од возилото од снег и мраз
  • Сува микрофибер крпа – помага за бришење на замаглените стакла во возилото
  • Ракавици – покрај обични базични ракавици од памук или волна, добро е да поседувате и медицински ракавици кои се комплетно водонепропустливи, а кои може да ги ставите врз обичните ракавици како би се заштитиле од влага, а рацете би ви останале суви при чистење на снег, монтирање на ланци итн.
  • Лед ламба, челна или обична рачна + свеќа – дава каква таква топлина во мал затворен простор
  • Ќебе за покривање кое ќе ве згрее доколку не ви работи возилото
  • Ситна храна двопек, чоколадо и шише вода
  • и секако за крај макар и да одите на релација Кичево – Охрид не го правете тоа во пижами, ќе смрзнете!

ski sneg patista (2)

Boshkov most Lazaropole

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки