Тура до Скопска Црна Гора I Love Hiking

По повод првото врнење на снег на повисоките места,
Тимот на планинските зависници I love hiking – group Macedonia организира еднодневна акција на планината Скопска црна гора.
Турата е кружна и започнува од селото Побожје се оди до врвот Пржар и потоа се продолжува до Спирова Колиба , каде се планира поголем одмор и потоа по билото се спуштаме до селото Љубанци.
Тргнување од железничка станица Скопје со автобусот број 61 кој тргнува во 06:45часот додека враќањето ќе биде со автобусот број 47 од село Љубанци во 14:55 или во 16:30 часот.

ПОДАТОЦИ ЗА ТУРАТА:
Стартно место: село Побожје – 600 м.н.в
Крајна цел: врв Пржар – 1625 м.н.в
Висинска разлика: 1025 метри ( Водно и нешто малку, само не толку стрмно )
Должина на патеката:18,5 км
Времетраење: 6:10 минути во двата правци (со се одмор)

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи зимски разгазени чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња.
Храна: од ранец.

ПОДАТОЦИ ЗА ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Од сега временските сајтови ветуваат добро време викендов со температури од 0 степени на Скопкс Црна Гора и без врнежи на дожд и снег. ( ќе биде корегирано времето ако има промена )

НАПОМЕНА: Организаторот и водичот го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на акцијата, во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки