Ова не е пат кој води кон депонија туку е патот кон Средно Водно и кракот од новиот пат кој е во изградба, а води кон Сончев град. Немаме коментар, а и да имаме тој ќе биде крајно радикален и вулгарен, но затоа имаме една молба до Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски да постави рампа, по можност на влез од Скопје или барем во делот кај Панорама со табла и натпис “Строго забранет сообраќај за сите типови моторни возила, бушиме гуми!”
skimacedonia





