Тренерот на бугарскиот национален скијачки тим почина по тешката несреќа во Австрија

Главниот тренер на бугарскиот национален тим и поранешен професионален натпреварувач, словенецот Драго Грубелник починал како последица на тешката несреќа која се случила со возилото во кое патувал заедно со, најдобриот натпреварувач во алпско скијање Алберт Попов и асистент-тренерот Димитар Христов.

Веста ја објави тиролската единица на националната австриска новинска агенција “ОРФ”. Словенечкиот тренер починал кратко време по пристигнувањето со тим на итна медицинска помош во баварската болница Мурнау.

Автомобилот на бугарскиот тим паднала во 270-метарска бездна во околината на одморалиштето Золден. Инцидентот се случил по обидот за претекнување на автобус.  Тројцата повредени биле однесени веднаш во болницата во Инсбрук , но при неговото пристигнување во Мурнау Словенецот Грубелник починал.
ski tyrol

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки