Охрид се доближува до максималната граница на изграденост на крајбрежјето утврдена при прогласувањето на неговото културно и природно богатство за светско наследство заштитено од УНЕСКО, предупредуваат експерти.
– Можеби треба да се донесе мораториум за изградбна на крајбрежјето на Охридското Езеро и да се предвиди колкав дел од бреговата линија треба да биде урбанизирана. Имам податоци дека при приемот на Охрид во УНЕСКО е донесен консензус дека 60 проценти од бреговата линија нема да биде урбанизирана. Ние се доближуваме до тој процент, можеби и ќе го надминеме иод 40 проценти од должината би била урбанизирана. – вели Ѓоко Зороски, експерт по животна средина. – вели Ѓоко Зороски експерт по животна средина.
Eзерото е ограничен еко систем. Ние сепак треба да го почитуваме она што значио изворно затоа што со тек на време со градење на објекти со постепено урбанизирање ќе се намали бројот на туристи кои сакаат да видат нешто што е поразлично од она што го нудат другите земји кои горе долу имаат монотона понуда во однос на исхрана, угостителски објекти, ние треба да понудиме н ешто што е зачувано и оригинално и со тоа да станеме бренд во Европа. – додаде Зороски.
УНЕСКО пред две години изврши инспекција на Охрид, по што во значителна мера беше намален бројот на објекти кои ќе се градат на Плаошник во рамки на проектот за возобнување на Свети Климентовиот универзитет. Под лупа на УНЕСКО ќе бидат и туристичките развојни зони во Љубаништа каде контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој сакаше да гради луксузен комплекс со хотел на вода.
И УНЕСКО и стручните лица од областа на екологијата укажуваат дека урбанизацијата на Охрид во заштитените зони кои се и најатрактивни треба внимателлно да биде планирана, за да не ги наруши визурите на градот и неговата автентичност.
skimacedonia
