Тимот на I love Hiking – group Macedonia ви организира еднодневна организиран тура на 160 км надвор од Скопје . Турата ќе започне од рудикот Саса кој се наоѓа блиску Македонска Каменица, патеката е одма над рудникот кој е на 1090 мнв . Осоговскит планини се многу питоми планини и се доста лесни за искачување , така да може да ни се приклучат сите тие што го качуваат водно без никаков проблем.
Патот што ќе го одиме е 20,2 км и е ист во должина како Маткањето , Матка-Водно. При тоа ќе качиме 2 врва првиот е Руен 2252 мнв и вториот е Султан Тепе ( Царев Врв ) 2084 мнв и ќе се спуштиме од таму до рудникот Саса. Турата е КРУЖНА ! не се враќаме назад по истиот пат.Попатно ќе ги сретнеме разрушените џандарски гарнизони.
Планината изобилува со овошки капини,дернки,,шипки и боровинки.
Идеме со организиран превоз со шофер со цена од 450 ден. Пријавување и плаќање кај Алех 070/382-751
Дејан 071/212-808
Собирање пред пошта2 на железничка станица во 05:00 часот .
Потребна Опрема :
Облека за заштита од студ , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Планинарски стапчиња, тенки ракавици за ладно, јакна за ветер, кабаница и сл.
Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи и сл.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
skimacedonia
