Искачување на Кобилица

Отворена еднодневна акција со искачување на тетовскиот Матерхорн – врвот Кобилица 2528 м.н.в.

Минатонеделната тура која беше одложена поради лошото време и одроните на патот кон Шипковица е поместена за оваа недела 4 октомври 2015. Временската прогноза овој пат е сосема пристојна. Да го искористиме моментот за final push до тетовскиот Матерхорн

 

Кобилица е врв на Шар Планина висок 2528 метри и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Турата започнува од село Вејце, од каде кратко се пешачи по земјен пат над селото и краток шумски дел, а потоа веднаш почнува искачувањето. Турата е во траење од 3-4 часа (во зависност од спремноста на групата) континуирано стрмно искачување. Искачувањето е кратко, но е интензивно, па бара сериозна подготвеност и кондиција. Се работи за можеби најстрмниот врв на Шара и пошироко, и има совршена пирамидална форма, а на западната страна од врвот е и карпестиот гребен Трескавец, па Кобилица го добива и прекарот Тетовскиот Матерхорн, како споредба со познатиот Матерхорн на Алпите. Во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни.

Попатно се прават една или две паузи. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можност од променливо време. Вода може да се наполни во селото.

Пријавувањето за турата задолжително се извршува по емаил на tonidimitrov@gmail.com. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до 2 октомври 2015. Резервацијата на место е ИСКЛУЧИВО со уплаќање. Доколку не се потврди учеството до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 500 денари.

Поаѓањето е во 6:00 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Вејце. Бројот на местата се ограничени.

* * *

Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки