ПК Македон организира, 8 септември 2015, Отворена еднодневна акција на Караниколичко езеро и врв караникола 2409 м.н.в.
Турата започнува од Шарското село Бозовце од каде благо се искачува по прекрасните падини на Шара. Се поминува низ неверојатните Шарски предели, водопади, камени мостови, понори и други ретки и чудни формации, падини кој изобилуват со билки… Турата е во траење од 3-4 часа (во зависност од спремноста на групата). Се прават неколку паузи, кај чешмата и водопадите… Вода има на многу места во селото и по патот. Откако ќе се стигне до езерото постои опција дел од групата да го искачи врвот Караникола (2409 м.н.в.) или да се качи до малото Караниколичко езеро, додека останатите уживат во околината на езерото. Оние со повеќе ентузијазам може да ја поминат целата круна од три врва над езерото од каде се простира спектакуларен поглед кон двете Караниколички езера и Лешница. Турата е средно тешка, но сепак е потребно доволно подготвеност и кондиција.
Од опрема задолжително да се понесат планинарски обувки, јакна/кабаница поради можност за променливо време и ветар, капа и крем за заштита од сонце, но и влечки за на плажа.
Пријавувањето за турата задолжително се извршува по емаил на tonidimitrov@gmail.com. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до 6 септември 2015. Резервацијата на место е ИСКЛУЧИВО со уплаќање. Доколку не се потврди учеството до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 500 денари.
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје Бозовце. Бројот на местата се ограничени.
* * *
Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.
skimacedonia
