На 20 – 21 јуни низ Преспанскиот регион, престолнината на првата средновековна македонска држава, по втор пат се вози Тур де Галичица 2015. Турата е кружна и започнува од плоштадот во Ресен, низ Отешево и Царина се искачува Галичица кон Суво Поле и поранешните ски терени се продолжува off-road возење се до селото Болно и после повторно кон Ресен. Должината на патеката е 71 км од кои половината или 35 км се off-road возење со висинско искачување од околу 1000 м.
Рутата е доминантно во зоната на Преспанскиот регион и минува низ бројни села од Преспанската котлина и делумно се минува покрај самото Преспанско езеро. Оваа тура ја карактеризираат прекрасни пејсажи во рамките на Националниот парк Галичица и дел кон Охридскиот регион. За оние кои ќе пристигнат порано, организаторот обезбеди и забава на отворено со диџеј.
Стартниот пакет ќе изнесува 200 денари и опфаќа: храна и освежителни пијалоци (вода, житарки, енергетски пијалок, ресана) + превоз на ранци со џип до скијачките терени. За учество е потребно исправна опрема и велосипед, секој вози на своја одговорност, а малолетните лица задолжително да бидат во присуство на родител или старател. Телефон за контакт од организаторот: Преспа Бајк – Ресен, Кристијан Ќулумовски 078 25 44 43
Формулар за апликација кој треба да го пополни секој учесник на оваа тура.
Детална хибрид рута: http://www.bikemap.net/en/route/2947774-tur-de-galichitsa/#/z12/41.06576,20.93084/google_hybrid
Следете ги сите промени и информации директно на настанот
skimacedonia



