Снимил видео инцидент кој ќе го памти цел живот

Еден од групата планинари при враќање од врвот Стралхорн 4190м на југот на Швајцарија деновиве имаше крајно непријатно искуство пропаѓајки во длабок процеп, пукнатина на глечерот прекриена со тенок слој на тазе снег. Интересно во целата ситуација покрај тоа што остана здрав и жив, е и тоа што целиот инцидент е снимен со неговата камера.

На прашањето дали бил многу исплашен, Бенџамин одговорил, дека кратко се уплашил на почетокот бидејќи не знаел колку ќе пропаѓа надоле низ пукнатина, но веднаш чим запрел, се стабилизирал со клин и почнал да дејствува. Знаел дека ќе го најдат, ја имал и потребната опрема со себе, како и ламба, храна, течност и соодветна облека. Приметил дека во пукнатината студот бил поголем, прстите брзо му мрзнале и отежнато се обидувал да свири. Во ваков момент го потенцирал значењето од носење на минимум облека на себе додека се движите низ вакви предели.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки