Пропозиции за учество на МТБ маратон – Маврово 14 јуни 2015 година
Маратонот и полу – маратоно
т имаат рекреативно-натпреварувачк
http://
Должина:
– Маратон 90км
http://
– Мал маратон 42км
http://
Старт: 14.06.2015, 09.00 часот плоштад Маврово – под хотел Бистра
Организатор: Велосипедски Клуб Енерџи – Скопје, Национален Парк Маврово, Општина Маврово – Ростуше, US AID, Проект за Експанзија на Мали Бизниси, Велосипедска Федерација на Македонија, Амбасада на Швајцарија
Право на учество: Право на учество имаат лиценцирани и нелиценцирани натпреварувачи/учесници, нелиценцирани учесници помали од 18 години може да стартуваат само со дозвола од родител/старател.
Стартарина
Уплата за учество на МТБ маратонот се врши директно на жиро сметката на ВК Енерџи.
Telephone: +38923231772
Жиро Сметка. 210-0623335001-65
NLB Tutunska Banka AD Skopje, Маcedon
Учесниците може да се пријават и електронски на следниов линк:
http://
– Со пријавување до 05.06.2015 за учество на маратонот се плаќа стартарина од 600 МКД, за полу – маратонот 400 МКД.
– Со пријавување од 06.06 – 12.06.2015 за учество на маратонот се плаќа стартарина од 800 МКД, за полу – маратонот 600 МКД
– При пријавување на денот на одржување на маратонот и полу – маратонот стартарината ќе биде 900 МКД односно 700МКД.
Во цената е вклучено: стартен број, стартен пакет (маичка, освежување), обележување на патеката, основна техничка поддршка на старт/цел и контролните точки, освежување на контролните точки, парични награди за првите пет пласирани како и ручек за учесниците.
Стартните броеви ќе се доделуваат на местото на стартот 14.06.2015 од 07:30-08:30 часот.
За да се добие стартен број потребно е да се приложи документ за идентификација и доказ за извршена уплата!
Правила за учество:
Натпреварувањето ќе биде спроведено согласно со правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија и следниве правила:
– Право на учество имаат само лицата кои уплатиле стартарина!
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик!
– Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници!
Временско ограничување за големиот маратон:
– контролна точка Чавкарник 12:30 (3:30часа од стартот),
– контролна точка Лазарополе 14:30 (5:30 часа од стартот)
По истекот на временското ограничување учесникот ќе биде задржан на контролната точка и нема да се дозволи понатамошно возење. Доколку учесникот продолжи, организаторот нема никаква понатамошна одговорност (превоз, поддршка и сл.)!
Организаторот го задржува правото за измена на правилата и пропозициите во било кое време и истите ќе бидат објавени за време на стартот на натпреварувањето
Опрема:
За учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.
skimacedonia
