“Дружба на Ловечка” со SSNL, SF-freeride и ПСК Димитар Илиевски Мурато

SSNL во соработка со SF-freeride и ПСК Димитар Илиевски Мурато ги кани сите љубители на алпинизмот, freeride, back country авантуризмот, сноуборд, опстанок на планина со шатор итн….да ни се придружат овој викенд на Пелистер, на така наречена “Дружба на Ловечка”

Локацијата е неопишлива али куќарката е спремна за забава, топол чај, чорба и се разбира преноќување по некои си не пишани планинарски правила.

Во дво дневното дружење трите организации ќе ви обезбедат да ги искусите горе наведените активности по некој си следен редослед:

Поаѓање со ратрак за сите љубители на freeride ski & snowboard манијаци и манијачки….до горе т.е на самата локација во сабота 04.04.2015 во 10 часот од почетна станица Лазо Вилата, Пелистер. За повеќе инфо и резервации на 075 207 013.

Поаѓање пешки или турно во врска со алпинизам на истата локација во 8 часот сабота 04.04.2015 за повеќе инфо јавете се на 078 232 132

За kite snowboarding и параглајдинг на телефон 076 554 984

Целиот настан ќе биде стручно поддржан од страна на лица кои се специјалисти во горе наведените спортови.

Покрај се ќе се забавуваме со добар звук, одлична музика и се разбира атрактивни адреналински back-country скокови, трикови и лудории од страна на најспремните возачи на SS No Limits

Lets have fun people … that’s what snow is about 😛

ВАЖНО секој кој ќе сака да преспие во сабота кон недела да понесе со себе основна опрема како вреќа за спиење и подлога

druzba na lovecka kuka pelister ssnl bitola

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки