Општина Маврово и Ростуше ќе продава градежни парцели

Со електронска аукција, општината Маврово и Ростуше ќе продава осум градежни парцели во Маврови Анови и Маврово. Се работи за парцела од 2.266 метри квадратни чија намена е изградба на хотел и седум плацови за викенд куќи со површина од околу 600 метри квадратни.

Почетната цена на огласеното земјиште е 61 денари за метар квадратен. Сите заинтересирани субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 21 април, а електронското јавно наддавање за земјиштето е предвидено да се одржи на 27 април. Откако ќе го купат градежното земјиште, понудувачите имаат рок од девет месеци за да обезбедат одобрение за градба, а рокот за изградба е 72 месеци од денот на добивање на градежната дозвола.

mavrovo (7)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки