Тројца загинати во лавина на Пирин планина над градот Разлог, во југозападниот дел на Бугарија. Полицијата ја потврдила смртта на три момчиња, на возраст од 29, 34 и 38, сите бугарски државјани, објави бугарскиот весник 24 Часа. Тројцата биле дел од група од 17 луѓе од Софија кои пристигнале на Јаворов Мурган над Разлог март 6. Останатите 14 членови на групата се безбедни.
Група отишла на скијање надвор од означените патеки и покрај предупредувањата за многу висок ризик од лавини. Планински спасувачки единици од Разлог и блискиот ски-центар Банско се упатија на местото на инцидентот за асистенција при евакуација на мртвите тела кои беа лоцирани и пронајдени од преживеаните членови на групата.
skimacedonia
