Ски регионите зафатени со нови врнежи од снег, на Маврово и Попова Шапка веќе има нови 15-20 см од изминатата ноќ. Во петок снежните врнежи ќе се интензивираат, обилни врнежи од снег во петок кон сабота се очекуваат во регионите на Пелистер и Кожуф. Новиот слој на снег во некои ски региони како Пелистер, Попова Шапка и Кожуф ќе надмине 40 см.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење!
skimacedonia

