Викендов во сабота на 7 февруари во ски центарот Стрежево Нижо Поле на Пелистер, се отвара снежниот фан парк за сите оние сноуборд и фристајл фанови. Овој парк е иницијатива на SSNL Ski & Snowboard No Limits и ова е прва година во која се поставува паркот.
SSNL e организација чија дејност опфаќа спортско-рекреативни активности од областа на скијање, сноубординг, ролери, скејтборди, фриборди, кајтборди, вејкборди и возење моторни санки и тоа на спортисти од различни возрасти. Седиштето на клубот е во Битола, но делувањето е на цела територија на Р. Македонија, а исто така и надвор од нејзините граници.
SSNL Ski & Snowboard No Limits целосно ја превзема иницијативата и инвестицијата во опрема и рампи, сноу паркот располага со 6 боксови, 2 раила, 8 метарски кикер и популарната “Big Air” воздушна перница.
Park setup :
5m flat rail
9m kink rail
5m flat down box
5m flat box
6m dancefloor box
5m flat box
8m battleship box
8m rainbow box
3m canon rail
8m kicker and Big Air Bag !
Оваа сабота на отварањето клубот ќе има и сопствена промоција на работењето и активностите кои ги прават. Паркот ги има сите безбедносни мерки, уредно ограден и сите учесници кои ги користат елементите мора да бидат соодветно заштитени и задолжително е да носат опрема како кацига, заштита на тело (body armor) и сл.
skimacedonia




super, taman imam neshto za isprobvanje