По повод најдобрата журка во Маврово со фантастичните С.А.Р.С., картата за жичара ќе изнесува 250 денари.
Време: Сабота 17.01.2015
Место: Трифкова колиба, Маврово
Временски услови: Сончево, снег и планински воздух
Ски центар “Заре Лазаревски” во соработка со Кинисси Т.О. ви нуди прекрасна можност деновите од месец јануари да ги поминете во снежното Маврово. На 17 јануари ќе имате можност да уживате во концерт на отворено на групата С.А.Р.С. Влезот е слободен, единствено што треба да понесете е добро расположение и желба за забава.
-Повратен автобуски билет – 300 денари
Доколку купувате студентска ски карта, при подигање на картата на билетарата во Ски Центар Маврово задолжително ќе мора да приложите индекс или студентска легитимација.
ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ:
Ваучерот е доказ за извршена уплата за избраната услуга од горе наведените и ви е потребен да го прикажете пред влегувањето во автобусот. Подигањето на ски картата можете да го извршите на билетарата во Ски Центар Маврово со приложување на отпечатен ваучер и документ за идентификација.
Термин за превоз:
Поаѓање од Скопје: 07:30 часот од пред Кинисси
Поаѓање од Маврово: 16:00 часот од паркингот во Маврово
Поаѓањето е од пред агенцијата Кинисси со локација на улица “Аминта Трети” (во близина на аптеката ЗЕГИН на улица “Партизански Одреди”). Доколку имате прблеми со пронаоѓањето на локацијата контактирајте ја агенцијата (контак телефон: 02/3124 441 или 02/5110 333)
НАПОМЕНА:
-За реализација на патувањето потребен e минимум од 15 патници.
-Доколку бројката од 15 патници не се исполни, патувањето нема да се одржи а уплатените средства ќе Ви бидат вратени на Вашата сметка во рок од 10 дена.
-Доколку клиeнтот кој го купил ваучерот не се појави на закажаното место во точното време на тргнување, ваучерот ја губи својата важност, односно, не е можна рефундација на средствата или искористување во друг ден.
-Доколку Ски Центарот не работи, а од аранжманот: превоз + ски карта, превозот е веќе реализиран, единствено ски картата може да се замени и искористи во друг ден од тековната сезона.
Онлајн продажбата ќе биде стопирана еден ден претходно, во 18:00 часот.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СО ПОЛНА ЕНЕРГИЈА за уживаме во СНЕГ, СКИЈАЊЕ И ЗАБАВА.
skimacedonia
