Ски центарот Кожуф е преполн со проблеми, неисчистен пат од одрони и лизгања на земјиштето, наноси на снег и прекини со електрична енергија се дел од проблемите кои го кочат центарот да стартува со работа.

Иако се најавуваше за оваа сезона барем фрирајд скијање и екстрем активности со ратрак, веројатностите тоа да се случи се се помали.
Ангел Наков, Директорот на Ски центарот Кожуф за Утрински весник изјави дека, планот за отпочнување на скијачката сезона е променет, бидејќи коловозот е целосно покриен со мраз. Од „Македонија пат“ работеле на расчистување на патот од карпите, но оти сега проблем се снегот и мразот. Тој е револтиран бидејќи не се води грижа за овој патен правец, што, пак, не дозволува да работи скијачкиот центар на планината.
„Наше барање е Агенцијата за патишта да распише тендер и да се избере компанија која ќе гарантира дека со механизација ќе работи на одржување на патот во текот на цела година. Друго решение нема. Во моментот половина од патот е расчистен, а другата половина е непроодна. Од пред Нова година, еве дури завчера дојдоа повторно од ’Македонијапат‘ да работат. Проблемите со патот се провлекуваат веќе трета година и тоа не’ попречува да работиме“, вели Наков.
Во центарот има околу 80 см , а на горната станица до еден метар снег. Единствена опција за оние кои ја сакаат планината и бараат фрирајд авантура е пеш тура во своја режија кон врвот Зелен Брег и К-92 .
skimacedonia

Ски Центарот Кожуф е преубав. Паметам дека првата година се убивавме од скијање, не ни пречеше ни тоа што по пат на три пати местевме ланци. Сите беа неверојатно љубезни и супер организирани. Ветуваше многу, но што навистина се случува? Штета е навистина оваа убавина да остане неискористена…
Sramno i zalno e vakov ski centar da ne raboti poradi neprooden pat. ABE NE NE BIVA I NEMA DA NE BIDE USTE DOLGO