Однесување на снег и ниски температури

opema-snow-05

Зимата  пристигна, а со неа и врнежните од снег и проблемите кои ги носи со себе. За успешно справување со студот и снегот, прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат кога температурата ќе отиде во длабок минус, а вие сте далеку од цивилизација.  Напомена, овие совети не се наменети за оние кои често одат во планина, туку за оние кои се повеќе ориентирани на рекреативни зимски прошетки во природа.

Облека

– Повеќе слојна тенка гардероба е потопла од едно две подебели парчиња облека

– Облеката и обувките несмеат да стегаат со цел да има подобра циркулација и да не дојде до брзо преладување и измрзнатини

– Надворешниот слој пожелно и потребно е да биде од Goretex материјал односно материјал кој не пропушта ветар и влага, дозволува телото да дише, влагата од телото да излегува нанадвор, а спречува надворешната влага да продре внатре. Денес повеќето спортски јакни се направени од тоа.

– Јакната треба да е затворена околу вратот, половината и ракавите со цел да не излегува топлиот воздух надвор

– Капата треба да ги покрива барем горниот дел на ушите и секако дополнително да се користи капуљачата од јакна за заштита од ветар и влага.

– Ракавици, во текот на движењето треба да ви останат суви, избегнувајте контакт и допир на влажни предмети, избегнувајте тенки обични ракавици, тие при поголем студ или ветер не се функционални.

Обувки

– Избегнувајте воопшто да тргнувате на прошетка со патики, ниски и несоодветни чевли. Во зима дури и ако нема снег, теренот во природата е влажен. Секогаш носете високи, водонепропустиливи чевли, топли и удобни чорапи

illus_goretex_pro

Движење

– Потребно е да се движите во заветрина и  простор што помалку изложен на ветер. Доколку тоа е невозможно свртете му грб на ветрот, избегнувајте директна изложеност на градите и лицето, рацете заштитете ги во џебовите од јакната.

– Темпото при движење во снег би требало да биде умерено, да не се препотувате или пак да не се ладите.

– Секогаш потребно е да носите резервна сува маичка и да се пресоблечете

– Снегот го отежнува движењето, патот кој се проаѓа при снег од 25см за еден час, при поголеми наноси од 50-60 см истиот пат ќе се помине за далеку повеќе време, нешто што минуваме за 15 мин да трае еден час.

– При поголем снег  телото е во константен допир со ладна површина и брзината на ладење е многу поголема. Ова треба да се има во предвид ако е потребно да се минува низ терен кој е завеан.

– Носете со себе барем ситна храна (чоколадо, суво овошје, двопек), по можност и термос со топол чај, да располагате со свеќа и запалка, затоа што свеќата во заклон може да ја подигне температурата. Доколку нема заклон, најдобро е да се ископа дупка во снег или во шума околу дрво да се постават гранки за топла подлога т.е што помал директен контак со снегот.

shar mountain -storm

– Постојат фолии од пластичен материјал кој го рефлектира студот со која може да се покриеме и да ја сочуваме топлината. Еден од називите и е aстрофолија, може да се носи и во џеб и е добра идеја да ја имате при себе во зима.

– Осетот за простор се менува. Објектите према кои се ориентираме во нормални услови, стануваат невидливи, а и конфигурацијата на теренето се менува во целост. Во такви услови без компас , GPS навигација, движењето е скоро и невозможно.

– Не одете сами, движете се во пар или група

– Мобилниот телефон за комуникација секогаш чувајте го во внатрешни џепови на топло со цел да се сочува батеријата од студот, ставете го на battery save mode како би се редуцирала до максимум потрошувачката.

Список на работи кои е добро да ги имате со себе:

Свеќеа и запалка

Свирче

Лед батерија

Полн мобилен телефон

Чоколадо или суво овошје

Мултифункционално ноже

Астрофолија

Возило

Ако сте со возило, избегнувајте често излегување за да се заштитете од надворешниот студ, влага и ветар. Секогаш е полесно да се пронајде завеано возило наместо човек кој паднал во снег и намет. Во зима никако не движете без зимска опрема, мала лопата за снег, свеќа, ќебе, ситна храна, доволно гориво за да се обезбеди подолготрајна работа на моторот при заглавување. Секогаш мора да имате во предвид, издувниот систем да биде oслободен од снегот како не би дошло до гушење од јаглен моноксидот од издувните гасови. Доколку снегот и бурата е преголема и го покрие целосно возилото најдобро е да го исклучите моторот затоа што тогаш нема никаков просто за проветрување од издувните гасови. Се обидувате да се згреете со свеќа, мал простор од кој би влегувал и свеж воздух.

Winter-Storms-And-Workouts-How-To-Keep-Your-Schedule-In-the-Worst-Weather

Повик за помош со светлосни и звучни сигнали

Повикот за помош се дава со светлосни или звучни сингали шест пати во минута во правилни интервали на десет секунди, со пауза од една минута. Тоа се прави додека не дојде одговор.Оној кој го прифаќа сигналот одговара со три сигнала во правилен размер во минута, со минута пауза. Одговорот се повторува додека се дава знак за помош.Додека трае оваа комуникација, загрозениот знае дека помошта пристига, а спасителите знаат каде се наоѓа лицето за спасување и полесно се ориентираат во тешки временски услови.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки