Сo еден работник, патека за скијање не се подготвува

Иако топовите за вештачки снег навреме се поставија на патеката, иако стигнуваа најави дека патеката за скијање ќе биде подготвена за викенд деновите, од тоа не испадна ништо.

Топлото време и температурата на воздухот над нулата во вечерните часови не овозможи да оди се како што треба, но сепак се чини дека најголем виновник е немањето доволен број на работници за да се реализира подготовката на една патека.
ponikva-topovi-za-sneg
Пред десетина минути само што се вративме од „Пониква“. На лице место ги затековме како работат топовите за вештачки снег, а од вработените во фамозното Јавно Претпријатие „Пониква“ единствено присутен како и секогаш Благој Стојанов.

Формирањето на ЈП „Пониква“ кое вработи двајца работници од Кочани и еден од Пробиштип има за цел да ги подготвува токму патеките за скијање со топовите за вештачки снег кога временските услови тоа го дозволуваат, има за цел со ратракот да ги подготвува патеките со природен снег, има за цел да го прават сето она што е предвидено според Статутот.

За жал, со еден човек не се постигнува целта.

С. Ивановски

Текстот е превземен во целост од кочанскиот портал www.komarec.com.mk

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки