Најава STREIF – ONE HELL OF A RIDE

Приказна за  најспектакуларниот натпревар во Светскиот куп, патеката Штрејф Хахненкам во Кицбил која претставува предизвик и за најхрабрите и најдобрите скијачи мајстори на сите времиња, возење по работа во насока на тоа да се биде или не. Патека на која повеќе од 70 години имало епски победи но и сериозни повреди.

Документарен филм за триумфот и трагедиите на еден скијач, пренесени преку искуствата и коментарите на Aksel Lund Svindal, Erik Guay, Max Franz и Hannes Reinchalt додека наратори во филмот се славните Didier Couche и Daron Rahlvels.

streif - one hell of a ride

Во контекст на приказната за оваа сезона во Кицбил на трката која ќе се одржи од 23-25 јануари, скијачите ќе имаат дополнителен мотив за постигнување што подобар резултат. Наградниот фонд достигнува фантастични 750.000 швајцарски франци околу 620.000 евра.

Од оваа сума скоро половина ќе бидат поделени уште во првиот ден кога се слаломските и велеслаломските трки. Победниците ќе стават на свое конто по 90.000 франци плус.

Дполнително е интересно тоа што сите натпреварувачи кои ќе се пласираат до 30та позиција, во слалом, велеслалом и  спуст ќе влезат во зоната на награди.

Kitzbühel

Директорот на организацискиот тим Михаел Хубер изјави дека, тоа им е многу важно, што повеќе спортисти да го добијат својот заслужен дел, затоа што спортистите се трудат трките да бидат прав спектакл и затоа заслужуваат награда за нивниот труд. Финансиските средства се обезбедени од Ски клубот Кицбил.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки